Шилегов: Реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“ е во завршна фаза

од Nikola Popovski
279 прегледи

Градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток влегуваат во завршна фаза, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, овој проект е дел од реализацијата на секундарниот северен сообраќаен прстен во Скопје.

„Очекувам изградбата на булеварот Никола Карев во оваа втора фаза да заврши кон средината на јуни. Во јули почнуваме со изградба на големата клучка кај Момин поток. Со целосната изградба на булеварот Босна и Херцеговина и со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, пак, веќе овозможивме директен излез на обиколницата. Кога сето тоа ќе се спои ќе се оформи цел еден концепт што ќе овозможи развој на северниот дел од градот“, наведува Шилегов, додавајќи дека булеварот Никола Карев е исклучително фреквентна сообраќајница која најмногу ја користат жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и граѓаните кои патуваат кон излезот на градот.

 

Слични содржини