Шпанија во шок, почина поранешен голман на Барселона!

од Nikola Popovski
290 прегледи

Тажни вести доаѓаат од Шпанија. Поранешниот голман на Барселона, Франсеск Арнау почина на 46-годишна возраст.

Само еден ден пред неговиот роденден, ненадејно починал спортскиот директор на Овиедо и човекот кој беше на пат да се врати на Ноу Камп на покана од Жоан Лапорта.

Арнау ника во редовите на Барселона, а за првиот тим на тој клуб и Малага се бранеше на 274 натпревари во ЛаЛига.

Освои две шампионски титули, еден Куп на кралот, а исто така беше и млад репрезентативец на Шпанија, со кого беше европски шампион.

„Длабоко жалиме за смртта на Арнау, кој дојде во Барселона како дете, а потоа беше голман на првиот тим од 1998 до 2001 година. Почивај во мир“, објавија од ФК Барселона.

Пред да дојде во Овиедо, тој беше и директор на Малага.

Слични содржини