Шаленберг: Постигнат е драматичен напредок, наш стратешки интерес е членството на С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
274 прегледи

„Нештата се променети во голема мера, затоа што сега зборуваме за конкретен датум за отворање на Меѓувладината конференција“, вели на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

Според него, постогнат е драматичен напредок.

„Ова е клучен момент, поддржувам се што како предлог на маса го стави португалското претседателство. Ќе ги повикам сите, за да го намалат тонот и реториката, затоа што тоа нема да помогне“, рече Шаленберг.

Тој додаде дека за нив целосното членство на С. Македонија и Албанија, но и сите земји на Балканот е нивен стратешки интерес.

„Тоа е наше непосредно соседство, во политичка, културна и економска смисла. Ние имаме половина милион граѓани во Австрија со семејно потекло од Западниот Балкан, па така имаме многу силни човечки врски меѓу нас“, рече Шаленберг.

Потенцира дека не смее да се губи повеќе време и порача да се обидат 2021 година да не биде целосно изгубена.

Слични содржини