Хоџа потпиша договор со „Преспафиш“ за концесија на Преспанското езеро

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствот, Аријанит Хоџа денеска на брегот на Преспанското Езеро му го врачи договорот на новиот концесионер „Преспафиш“, за вршење стопански риболов на риболовното подрачје Преспанско езеро, како и за организирање рекреативен риболов, на рекретативната зона Преспанско езеро.

Со доделувањето на концесијата ќе се овозможи заштита на рибниот фонд во риболовната вода, како и негово економско користење на одржлив начин.

Концесионерот ќе треба да работи на риболовната основа, согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура и најодговорно да ги спроведува обврските утвредени во договорот за концесија.

Како концесионер за стопански и рекреативен риболов, „Преспафиш“ ќе биде должен да организира рибочуварска служба, преку лиценцирани рибочувари а како обврска во делот на рекреативниот риболов, ќе се грижи за обновување на рибниот фонд преку редовно порибување на риболовната вода.

„Преспанското Езеро претставува важно водно живеалиште и прогласено е за споменик на природата. Имаме должност да го зачуваме за идните генерации“, велат од МЗШВ.

Слични содржини