ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Дедај не сака да си замине од Скопје, физички ќе ја бранел позицијата

од Vladimir Zorba
268 прегледи

АМБАСАДОРОТ на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај одбива да се покорува на одлуката за разрешување, и покрај указот на претседателот на државата, Вјоса Османи, за неговото разрешување, пренесоа српските медиуми.

Дедај рече дека Уставот и законите на Косово се кршат и персонализираат.

– Уставот и законите се Библијата и Куранот на косовското општество, пред кои сите треба да бидеме немоќни – напиша Дедај на социјалните мрежи.

Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор во таа земја дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го декретот на претседателката на Косово.

На предлог на Министерството за надворешни работи и дијаспората, претседателката Вјоса Османи донесе одлука Дедај и 11 други амбасадори избрани по политички клуч да се повлечат од своите позиции.

Дедај беше назначен за амбасадор со декрет на поранешниот претседател, Хашим Тачи и ја презеде функцијата амбасадор во октомври 2018 година.

Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, треба да ја извршува функцијата в.д. амбасадор во амбасадата во Скопје, кој досега беше советник во таа амбасада.