Суарез плачеше, а потоа славеше со навивачите: „Барса не ме ценеше“

од Nikola Popovski
380 прегледи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез го предводеше својот тим до титулата и со солзи покажа колку му значи тоа признание.

Тој плачел по победата на Атлетико Мадрид над Ваљадолид по пресвртот, бидејќи Барселона го отфрли од екипата минатата година, тврдејќи дека е стар.

Суарез беше најдобриот поединец на Атлетико на мечот во кој мадридскиот клуб губеше од Ваљадолид во 18-та минута.

Сепак, изедначија со голот на Кореја во 56.минута, а потоа и поведоа со голот на Суарез во контранапад во 67-та минута. Со „Јорганџиите“ не беа заинтересирани за она што го стори Реал Мадрид бидејќи избегаа од него на два бода пред последното коло.

Реал со пресврт го победи тимот на Виљареал, па се покажа дека таа победа е пирова.

„Барселона не веруваше во мене. Таа не ме ценеше. Благодарност до Атлетико кој веруваше во мене и ме почитуваше. Благодарен сум им и ќе го ценам тоа засекогаш“, рекол Суарез по натпреварот.

Потоа тој отишол да слави со навивачите, што го забележале и фоторепортерите пред стадионот во Ваљадолид.

Потсетуваме, Уругваецот придонесе за титулата на својот нов клуб давајќи 21 гол и споделувајќи три асистенции на вкупно 38 одиграни натпревари.

Слични содржини