Организаторите на Евровизија донесоа одлука: ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ НА ДРОГА

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Откако синоќа Италија победи на Евровизија, започнаа да кружат обвинувања дека фронтменот на групата, Дамјан Давид, конзумирал опијати пред камера, по што организаторите на Евровизија решија да го тестираат за дрога, како и другите членови на групата „Манескин“ .

Според „Express.co.uk“, организаторите на престижниот музички натпревар потврдија дека Италијанците доброволно ќе поминат на тестирање и така ќе се открие дали дрогата била консумирана во текот на последната вечер.

Да потсетиме, шведски новинар го праша Дамјан дали користел кокаин на Евровизија, објави „Њујорк тајмс“. Одговорот беше дека тој не се дрогирал, по што групата „Манескин“ објави на својот официјален профил на Инстаграм.

Слични содржини