Литванија бара да се забранат летови над Белорусија: „Ова е брутална навреда за целата ЕУ“

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Денес Литванија ги повика земјите од Европската унија заеднички да издадат препорака авионите да го заобиколат воздушниот простор на Белорусија, откако авионот на компанијата „Рајанер“ мораше да биде принуден да слета во Минск, кога опозиционерот Роман Проташевич, кој патуваше од Атина во Вилнус, беше уапсен.

Предлог за заедничка декларација ќе се најде на маса утре, за кога е закажан редовниот состанок на лидерите на ЕУ, објави Ројтерс.

Предлогот исто така ќе повика на инцидентот да се означи како кршење на правилата за меѓународно цивилно летање, објави Министерството за надворешни работи на Литванија, пренесе Танјуг.

Литванија исто така ги повика сојузниците во ЕУ да ги повикаат белоруските амбасадори и да протестираат за употребата на воен авион со намера да го пренасочи летот.

„Ова е брутална навреда за целата Европска унија“, рече литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсберис.

Слични содржини