260
По седум години, Милан се враќа во Лигата на шампионите откако го направи она што се бараше од него во последното коло од Серија А.
„Росонерите“ ја совладаа Аталанта во Бергамо со 2:0 со головите на Франк Каси од белата точка и го зазедоа второто место, а Наполи доживеа шок.
Наполитанците, чиј триумф гарантираше пласман во европската елита, освоија само еден бод против Верона на домашен терен (1:1), што го искористи Јувентус и на некој начин ја спаси сезоната во која по девет години остана без титула .
На крајот – Интер го освои Скудетото, Милан е втор, Аталанта е трета, а „старата дама“ е на четвртото место.