271
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не го прочитал последниот нон-пејпер за автономија на северот на Косово и дека не сака да коментира нешто што не видел.
„Нека си ја завршат својата работа, ние ќе ја завршиме нашата“, рекол Вучиќ на прашањето како ги коментира барањата на Приштина да се тргнат четирите српски манастири од категоријата загрозено културно наследство на листата на УНЕСКО.
На прашањето дали тоа го плаши, тој изјавил дека не го плаши, туку го загрижува.
„Ништо не ме плаши, но ме загрижува, ќе се бориме и ќе ги спасиме Дечани, Грачаница, Богородица Љевишка, Бањска, Пеќката патријаршија“, рекол Вучиќ за ТВ Пинк.