Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објавил дека просечната плата во неговата земја, во март изнесува 555 евра.
– Имам добра вест за сите луѓе во Србија – просечната плата во март беше точно 555 евра. Тоа е она што го чекавме, рекол Вучиќ на видеото објавено на Инстаграм профилот „Будуќнострбијав“.
Како што рече, се знаело дека март бил референтен месец, а според прелиминарните податоци, платата во март била 555 евра, што е, во споредба со 330 евра, во времето кога тој станал премиер, претставува огромен напредок на Србија.
– За тоа сте заслужни вие, а пред сте заслужни затоа што Србија веќе не е земја на губитници, туку победник, која може да се натпреварува во сè и да ги победи оние што беа пред нас, не со децении, туку со векови , посочил Вучиќ.
Тој очекува до крајот на годината, просечната плата да порасне до 600 евра.