Генералниот директор на Светската здравствена организација изрази жалење денес што само мала група земји ги „грабнале“ вакцините против Ковид-19 и апелираше да се осигура дека најмалку 10 проценти од населението во секоја земја ќе може да се вакцинира до септември.
„Повеќе од 75 проценти од сите вакцини се даваат во само 10 земји“, рекол шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус на отворањето на годишното собрание на таа здравствена организација на Обединетите нации.
Тедрос рече дека најмалку 115.000 здравствени работници починале од Ковид-19.
„Многу од нив беа заразени и иако извештаите се ретки, проценуваме дека најмалку 115.000 здравствени работници или негуватели ја платиле највисоката цена додека работеле во служба на другите“, рекол шефот на СЗО.