236
Пандемијата КОВИД-19 е предизвикана од скандалозни нееднаквости во дистрибуцијата на вакцините, изјави во понеделникот шефот на Светската здравствена организација (СЗО).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, обраќајќи се на редовното годишно собрание на агенцијата на ООН, побара од земјите да донираат дози на вакцини на COVAX механизмот за да имунизираат 10% од населението во сите земји до септември и 30% до крајот на годината.
Тедрос исто така ги повика производителите на вакцини оваа година да предадат 50% од нивните количини на COVAX, пренесува Ројтерс.