424
Пет патници кои се качија на летот на „Рајанер“ меѓу членките на ЕУ, Грција и Литванија, а кој беше принуден да слета во Минск, Белорусија, не пристигнаа на нивната дестинација во Вилнус, изјави денеска шефот на криминалистичката полиција во Литванија, Роландас Кискис.
Тој рече дека нема да ги коментира патниците кои останале во Минск.
Авионот на компанијата „Рајанер“ мораше принудно да слета во Минск поради лажна објава за поставена бомба, кога беше уапсен опозиционерот Роман Проташевиќ, кој одеше од Атина до Вилнус.