Радев: Потребен е директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите меѓу Бугарија и С.Македонија

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Постигнувањето на напредокот во европската интеграција треба да се заснова на почитување на човековите права и целосно почитување на копенхашките критериуми за членство во ЕУ, истакна бугарскиот претседател Румен Радев на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Коста, објави Бугарското национално радио.

Во фокусот на разговорите, како што јави дописникот на МИА од Софија, биле можностите за постигнување напредок при усвојувањето на преговарачката рамка и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Потребни ни се позитивни примери во билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите. Секоја можна одлука за започнување преговори за членство во ЕУ со Република Северна Македонија ќе биде внимателно анализирана и усогласена со декларацијата на бугарскиот Парламент и рамковната позиција на нашата земја за проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација од октомври 2019 година, рече Румен Радев за време на состанокот со Урсула фон дер Лајен.

Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на 27 мај од страна на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања.

Состанокот беше инициран од претседателот на Европската комисија и португалскиот премиер пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел

Слични содржини