Дамијано, пејач и член на групата „Манескин“, се огласи откако организацијата на „Евровизија“ објави дека тестот за дрога што го направил е негативен, односно дека не земал дрога вечерта на ова натпреварување.
Имено, тој ја сподели оваа вест на својот Инстаграм профил и накратко напиша: „Еве“.
– Италијанските победници на Евровизија не користеа дрога во Зелената соба за време на финалето. Сметаме дека овој случај е затворен – стои на официјалната веб-страница на овој натпревар.
Да потсетиме, претставниците на Италија тврдеа дека не користеле наркотични средства, но дека во тие моменти од снимката „го отстраниле скршеното стакло“.
Организаторите на „Евровизија“ ставија крај на целата оваа приказна објавувајќи се на социјалните мрежи и објавувајќи ги резултатите од тестовите.
– Италијанските победници на Евровизија не користеа дрога во Зелената соба за време на финалето. Сметаме дека овој случај е затворен – стои на официјалната веб-страница на овој натпревар.