Суарез: Куман е човек без карактер

од Stefanija Kuzmanovska
634 прегледи

Ни Диего Симеоне не можеше да поверува кога управата на Атлетико му понудила да го привлечат Луис Суарез. Чоло започнал да се смее, а потоа го повикал Уругваецот и ја завршиле работата.

Атлетико Мадрид минатата недела ја освои титулата во Шпанија со Суарез, а поранешниот играч на Барселона запиша 21 гол за тој успех на 32 натпревари во Ла Лига. После победата од 2-1 кај Ваљадолид, Суарез седна на теренот и започна да плаче од среќа.

Тој сега откри дека заминал поради претседателот (веќе поранешен) Жосеп Марија Бартомеу.

„Роналд Куман ми рече дека ако не ја напуштам Барселона до утре, тој ќе смета на мене за натпреварот против Виљареал. Сосема е јасно дека одлуката да ја напуштам Барселона дошле од луѓето во администрацијата“, рече Суарез.

„Тогаш ми стана јасно дека Куман е човек без карактер. Тој прво рече дека не смета на мене, а потоа и дека ќе ме стави во тимот доколку не го напуштам клубот. Ниту Куман, ниту Бартомеу, ниту некој од поранешната администрација на Барселона не ми честиташе за титулата. Сепак, подготвив мала фотографија што сакав да им ја испратам“.

Шпанските медиуми тврдат дека Суарез испратил фотографија од трофејот во Ла Лига до Куман и поранешниот претседател на Барселона.

Слични содржини