Водителката на Евровизија заврши во болница 3 дена по финалето

од Nikola Popovski
598 прегледи

Ники де Џегер, попозната под нејзиното Јутјуб име „NikkieTutorials“, која беше водителка на овогодинешната Евровизија во Ротердам, ги извести своите следбеници на Инстаграм дека завршила во болница.

Ники сними видео и им откри на своите милиони следбеници на Инстаграм дека завршила во болница по натпревар на кој водела музичка програма.

„Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетата, а сега сум во болница. Земам лекови за хронично заболување на цревата. Јас не избрав гламурозен живот, гламурозниот живот ме избра мене“, рекла таа во видеото.

Ники е првата трансродова личност која ја водела Евровизија.

Победата на овогодинешниот музички натпревар во Ротердам ја однесе Италија, додека нашиот претставник Васил Гарванлиев го заврши своето учество во полуфиналето.

Слични содржини