Одлична вест за возачите: Нови цени на горивата од полноќ

од Nikola Popovski
235 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во земјава. Според тоа, бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,977 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,619 денари.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 26.05.2021 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Слични содржини