„Се надевам и очекувам цената да нема промени во нашиот дел како ЕСМ, иако ние учествуваме со нешто околу 40 % од вкупната цена на енергија кон крајните потрошувачи“, вели генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за евентуално поскапување на цената на струјата.
Тој смета дека повторно ќе успеат да ја стабилизираат цената, односно да нема зголемување, а ако има, евентуално да биде минимално, во фактор на корекции.
„Најважно ни е да нема ценовни шокови кон граѓаните, меѓутоа знаете дека струјата произведува и ценовни шокови кон индустријата, производството итн и се ќе направиме за да ја стабилизираме“, додава Ковачевски.
Регулаторна комисија за енергетика ги прибира податоците за трошоците на компаниите поврзани со производството и транспортот на електричната енергија и најдоцна до крајот на јули ќе донесе одлука дали ќе има поскапување.