Ќучук: Следните генерации нема да одговараат само за историските факти, туку и за тоа што не се случило

од Берта Китинска
373 прегледи

Известувачот за Македонија во Европарламентот Илхан Ќучук вели дека идните генерации ќе одговораат и за она кое се случува денеска, особено денешните политичари.

„Би го кажал на следниот начин, ќе одговорам на следниот начин, кога од едната страна расте говорот на омраза од другата страна се одговара на истиот начин, јас сум го видел тоа многу пати, вклучително и за време на предизборните кампањи.

Следните генерации нема да одговараат само за историските факти, тие ќе одговараат и тоа што не се случило, најмногу тоа се однесува и за денешните политичари. Мојот повик како известувач за Република Северна Македонија секогаш бил овој, време е да застанеме на цврста основа, да воспоставиме доверба, заедно со тоа да ни стане јасно дека овие комплексни прашања не можат да бидат решени во рок од неколку години, ќе одземат многу повеќе време отколку што мислиме ние самите, затоа се бара трпение, трпение од двете страни, трпение кое што треба да биде со потребното почитување кое се слуша и се зборува и од Скопје и од Софија“, вели Ќучук во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини