За две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk, а бројот на заинтересирани надмина 400.000, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за што поскоро да се стави крај на пандемијата.
Од вчера започна и масовна вакцинација во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес, а отворен е и пунктот за имунизација во салата на медицинското училиште во Прилеп. По петдневен прекин, од денеска продолжува вакцинацијата во Здраствениот дом во Македонски Брод.
Масовната вакцинација продолжува во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.
Вчера од направени 1.489 тестирања, а беа регистрирани 14 нови случаи, што е под еден процент од вкупниот број тестирани. Пријавени беа вкупно 13 починати и 103 оздравени пациенти.