На денешното рочиште на случајот „Тортура“според завршните зборови адвокатот Љупчо Шврговски нема поттикнување од обвинетиот Сашо Мијалков за мачење, нечовечно при апсењето на Љубе Бошкоски.
„Обвинението е гола формулација непоткрепена со докази. Обвинителот не само што не презентираше доказ, туку нема наведено ниту еден факт дека Мијалков ги поттикнал другите да го извршат кривичното дело“, изјави Шврговски.
Според него, аудио снимките на кои се повикува јавниот обвинител не заслужуваат посебен коментар.
– Од истите може да се утврди дека разговорите кои се водени се изразување на сатисфација, како резултат на успешно спроведена акција на МВР во која на дело е фатен Љубе Бошковски во вршење на кривично дело, за кое истиот во три последователни наврати зел 10.000 евра, 20.000 евра и на крај 100.000 евра за како што наведува и самиот во посебните истражни мерки. Па во тој контекст се и разговорите што се водени, а кои преставуваат само израз на сатисфакција, бидејќи инфлагранти е фатен бивш министер за внатрешни работи и лидер на политичка партија од страна на службите на МВР во извршување на кривично дело, кажа Шврговски.
Одбраната во случајот „Тортура“ своите завршни зборови ќе ги продолжи на 31 мај
Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.