Шаќири: Со професионализацијата ќе се оневозможи пренесување на политички влијанија од функционерите на вработените во јавниот сектор

од Берта Китинска
156 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, на денешната презентацијата на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор изјави дека именувањето на политичари на високи раководни места доведува и до политички влијанија во постапките за вработување

-Именувањето на политичари на високо раководни места понатаму доведува и до политички влијание во постапките за вработување со тоа што оваа постапка развива незадоволство. Затоа, со вработувањеа .Фокусот треба да биде ставен на детектирање на можна злоупотреба на службена, политичка или друга положба заради помагање на членови на семејството, роднини, пријатели, соработници и други познаници заради остварување на корист или стекнување со положба или нивно поставување на влијателни функции без оглед на нивните компетенции, класификации и со занемарување на поставените критериуми, посочи Шаќири.

Слични содржини