Шпанската хуманитарна организација „Проактивни отворени раце“ објави слики од мртви деца и жени насукани на плажа во Либија, за кои вели дека се наоѓале меѓу луѓето кои се обиделе да го преминат Средоземното море и да стигнат до Европа, опасна рута по мигрантите. Според Би-Би-Си, на фотографиите се прикажани делумно облечени тела на мали деца и жена, отечени и половина потопени во песок.
За Медитеранот се знае дека најмалку 743 мигранти починале оваа година.
Според податоците објавени од Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации, само во оваа година се регистрирани 630 смртни случаи во централниот дел на Средоземното море, наспроти 289 случаи во целото море во 2020 година
„Во шок сме. Кога луѓето се обидуваат да избегаат од Либија, тие не треба да се враќаат назад или да се оставаат да лебдат во Медитеранот. Треба да се спроведе операција за пребарување и спасување за да се заштитат животите на море“, изјави за Би-Би-Си Лаура Лануза, директор за комуникации на „Опен Армс“.
„Средоземното море стана најголема гробница во светот. Тоа не смее да биде случај“, предупреди таа.
Реагирајќи на фотографиите, италијанскиот премиер Марио Драги рече: „Сликите на телата на бебињата и малите деца на плажата во Либија се неприфатливи“.
На една од фотографиите објавени на Интернет, се гледа мало дете во едноделен костум за спиење, чие тело е делумно покриено со песок. На втората фотографија е прикажана жена со раширени нозе во зелени панталони, додека нејзината маица се превртила над главата.
Фотографиите на Твитер ги објави основачот на организацијата Проактива со отворени раце, Оскар Кампс.
Unfortunately @rgowans , the information is incorrect, the bodies were left there for three days. Look at the pictures of the little boy, the sand on the second day had covered a lot of the body.
The most important thing is that they were dead. https://t.co/fAopHTHage pic.twitter.com/Z2ArNPBx4c— Oscar Camps (@campsoscar) May 25, 2021
„Сè уште сум во шок поради ужасот од целата ситуација. Тоа се мали деца и жени кои имале само соништа и амбиции за живот. Нивните тела лежеа напуштени на плажа во Либија повеќе од три дена. Никој не се грижи за нив“, напиша Кампс со фотографиите.
Сепак, хонорарната новинарка Ненси Порсија, која исто така објави фотографии од телата на Интернет, на Твитер напиша дека еден од нејзините контакти ги пронашол телата во саботата и ги известил властите, кои ги погребале истиот ден на гробиштата Абу Камаш.
Оваа година во Италија пристигнаа околу 13 000 луѓе.
На западниот Медитеран минатата недела, околу 8.000 луѓе, вклучително и деца, пливаа или претрчаа низ вода при мала плима, заобиколувајќи ја граничната ограда за да влезат во шпанската енклава Сеута од Мароко.
Властите наскоро вратија неколку илјади.