Билчик: ЕУ очекува С. Македонија да воведе санкции кон Белорусија

од Nikola Popovski
262 прегледи

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Владимир Билчик, изјави денеска дека ЕУ очекува земјите кандидати за членство во Унијата, меѓу кои е и С. Македонија, да ја усогласат својата надворешна политика со Брисел кога станува збор за Белорусија.

„Очекуваме кандидатите за членство во ЕУ и потенцијални земји-кандидати да ги прилагодат своите позиции и да го рефлектираат овој најнов развој во нивните политички одлуки“, рекол Билчик во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Билчик исто така рече дека киднапирањето на европскиот авион под лажни изговори на Лукашенкое  „далеку од прифатливо“ и дека станува збор за „чин на државен тероризам“.

Тој додаде дека ЕУ брзо зазема единствен политички став против, како што рече, белоруските акции без преседан, што ќе се рефлектира во нови построги мерки на ЕУ и санкции против режимот во Минск.

Во неделата, белоруските власти му наредија на екипажот на авионот „Рајанер“ да слета во Минск, заради наводната закана со бомба и ги уапсија Проташевич и неговата девојка на аеродромот, кои летаа од Атина за Вилнус, Литванија.

Еден ден подоцна, шефовите на држави и влади на ЕУ побараа усвојување на „неопходни мерки“, кои меѓу другото вклучуваат и забрана за летање на белоруската авиокомпанија низ воздушниот простор на Унијата.

Слични содржини