Неколку граѓански здруженија, до МВР поднесоа пријава за говор на омраза и закани од страна на Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана на Северна Македонија.
Покрај поднесувањето на пријавата најавени се и обраќања на граѓански активисти од бошњачките невладини организации.
„Со своите објави на фејсбук-странiицата и на приватниот профил, Богојески предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Тој исто така јавно шири говор на омраза против ромската заедница и припадниците на исламската заедница, која е во спротивност на темелните вредности на нашата држава“, велат подносителите на најавената пријава, Мерсиха Смаиловиќ, Селма Ризвановиќ, Аделаид Каришиќ и Изета Бабачиќ.
Понатаму во соопштението се цитира објава која Богојески, за кого се нагласува дека е и државен советник во Министерството за одбрана, на 24 мај ја напишал на социјалните мрежи: „Глумицо една, јас не сум ти крив што се мразиш себеси и кожата ти српска во која си се родила! Не сум јас крив што си го мразиш племето свое од каде потекнуваш!“.
„Преку овој пост се шири расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, посебно поради бројните коментари и споделувања овој пост достигнува до голем број корисници на ФБ. Се негира и понижува идентитетот на нашата заедница поттикнувајќи расна, етничка и друга дискриминација, омраза и нетрпеливост.
Во бројните коментари на кои му реплицираат сограѓаните, покажува висок степен на нетолеранција и говор на омраза. На лице кое е припадник на бошњачката заедница, му реплицира: „Ризвановиќ Едо, не ви дојде памет уште? Во деведесетите?!? Уште сакате?“
Директно повикувајќи на геноцид, агресија, силувања и уништување на бошњачкиот народ во времето на агресијата која се случи на територијата на БиХ, од 91 до 95 година.
Со овој говор на омраза истиот шири и верска и национална омраза и повикува на насилство кое имало смртни последици за народот во Босна и Херцеговина.“, стои во соопштението.
Тие бараат кон Петар Богојески да се превземат соодвени мерки согласно Казнениот законик на Репубика Северна Македонија.