Петличковски: На почетокот луѓето се плашеа од вакцината Фајзер, а сега се плашат од кинеската

од Nikola Popovski
301 прегледи

„Со ова темпо на вакцинација, над 10.000 луѓе на ден, имаме добри шанси на крајот на летото, да се нормализираат работите кај нас“, вели д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, шансите за шетање ги надминуваат шансите за пренос на вирусот.

„Ако ова не го надополниме со масовна вакцинација, во септември ќе имаме повторно проблеми“, додаде Петличковски.

За ефикасноста на вакцините и стравот кај граѓаните, д-р Петличковски вели на почетокот луѓето се плашеа и од вакцината Фајзер.

„Тоа е затоа што немаше масовно користење на оваа платформа и стравот беше голем. Сега луѓето се плашат од кинеската (Синофарм). Тоа се периоди во една вакцина добива, а друга губи. Реално нема логика луѓето да се замараат со нијансите на проценти на ефикасност на вакцините“, категоричен е тој.

Слични содржини