СЀ ПОРАДИ ПОЛИТИЧКАТА СОСТОЈБА? Белорусија нема да го организира Европското првенство во велосипедизам!

од Nikola Popovski
192 прегледи

Европската велосипедска унија денес ѝ го одзела Европскиот шампионат на Белорусија поради актуелната политичка ситуација, откако властите во Минск го уапсија опозицискиот активист Роман Проташевич, по пренасочувањето на авионот на компанијата „Рајанер“.

Како причина за одземање на домаќинството била наведена „сегашната меѓународна состојба“.

Политичката состојба во Белорусија е нестабилна откако претседателот Александар Лукашенко прогласи победа на изборите минатиот август. Европската унија оваа недела одлучи да го затвори воздушниот простор за белоруските авиони, по пренасочувањето на авионите и апсењето на активистот.

Откако Европската унија за велосипедизам објави дека бара алтернативно решение, литванската влада понудила да го организира натпреварувањето.

„Литванија е подготвена да го организира натпреварувањето“, изјавила премиерката Ингрид Шимоните.

Како одговор на ова, од Европската велосипедска унија изјавиле дека со задоволство ќе го разгледаат предлог на премиерката.

Слични содржини