148
Јапонското регулаторно тело за здравство ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ против ковид 19 за деца постари од 12 години, потврди денеска официјален претставник на министерството за здравство.
Овој потег, со кој се намалува сегашниот праг на имунизација од 16 години во Јапонија, следеше по одобрување во САД и други земји овој месец, со кое се овозможува употреба на вакцината на „Фејзер“ кај адолесценти, пренесува „Ројтерс“.
Американската компанија „Фајзер“ во средата објави дека таа и нејзиниот партнер „Бионтек“ започнале со тестирање на вакцината против ковид-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат дека ќе ја прошират имунизацијата до таа возраст до почетокот на 2022 година.