Заев, Груби и Шилегов се прошетаа низ ДИНО ПАРКОТ (ФОТО)

од Берта Китинска
379 прегледи

Денеска се отвора Дино Парк Скопје, вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари.

-Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци.Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот, информираат од ЗОО.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека Зоолошката градина е една од институциите која е силно поддржувана во изминатите три и пол години.

-Дино паркот е составен од 41 фигура на диносауруси од два периода креда и јура кои се интерактивни, се движат, пуштаат крици и од тој аспект гледано тоа е најголемиот Дино парк на Балканот. Од аспект дека е посебно ограден со посебно зеленило, го прави овој парк најголем зелен Дино парк во Европа. Инвестицијата изнесува 350.000 евра, средства од буџетот на Град Скопје кои многукратно ќе се вратат, имајќи го предвид и комерцијалниот момент кој ќе владее во паркот, рече Шилегов.

 

Вчера на свеченото отворање присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, Мухамед Зеќири.

Фото: Фејсбук/Град Скопје