На општо изненадување за оваа сезона, ПСЖ остана без титула во Франција. Шампионските ловорики ги собра Лил. Парижаните немаат време да тагуваат, па се свртеа кон засилувања за следната сезона.
За почеток, тие сакаат да ги решат проблемите на бековските позиции каде беа забележани најголемите слабости.
Алесандро Флоренци се врати од позајмица и повеќе не сметаат на него во Париз, па Ашраф Хакими, еден од најдобрите играчи на Интер минатата сезона, беше идентификуван како главна цел.
Интер е во сериозни финансиски проблеми, Антонио Конте веќе си замина по титулата и се очекува целосен распад на шампионскиот тим, а ПСЖ најде шанса да ја засили позицијата десен бек.
За Хакими, Интер бара околу 60 милиони евра, што не треба да претставува проблем за ПСЖ.