Османи: Јуни е најдобра шанса за старт на преговори со ЕУ

од Берта Китинска
286 прегледи

Останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој напомена дека  има сериозен ангажаман на Португалското претседателство, со предлог којшто е добра основа за надминување на разликите.

-Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на трите страни, нашата страна, бугарската страна и на земјите членки коишто очекуваат дека преговарачкиот процес нема да биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите, рече Османи.

Слични содржини