395
Утрово во Охридското езеро е пронајдено безживотното тело на голманот Никола Даниловски, објави охридската полиција.
Според информациите од охридската полиција, телото на 24-годишниот ракометар било пронајдено кај местото Лагадин.На него немало траги од насилство, па засега не се познати причините за смртта.
Даниловски изчезнат синоќа, откако не присуствувал на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефон, а доцна во ноќта полицијата трагала по него. За жал, утрово е потврдено дека пронајденото тело во езерото е на младото момче.
Од него се прости неговиот клуб ГРК Охрид: „Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас!“