248
„Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов континуирано работат на реализација на проекти кои обезбедуваат еколошко урбано живеење, го зазеленуваат просторот. По одличното искуство со зелените површини на Градскиот трговски центар, во употреба е пуштен вториот зелен покрив во строгиот центар на градот, на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Дом на градежници“, соопшти денеска Горан Герасимовски, претседател на Општинска организација СДСМ-Центар.
На површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрва, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, тревна површина и вертикално ѕидно зеленило, а поставени се и клупи и канделабри.