Ѓоковиќ: Трофејот на домашен терен е најдоброто испраќање за Париз

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Новак Ѓоковиќ на најдобар можен начин фати залет за „Ролан Гарос“.

Со победата во финалето против Алекс Молжан на „Белград опен“ со 6: 4, 6: 3, Новак стигна до 83-от трофеј во кариерата во своето 119-то финале.

Со многу самодоверба и енергија, тој заминува за Париз, каде ќе се натпреварува на вториот Гренд слем во сезоната.

„Оваа недела ми дава одлично чувство и голема самодоверба пред летот за Париз. Возбуден сум за тоа како играв оваа недела, среќен сум со чувството што го имав на теренот. Подготвен сум. Тоа беше мојата најголема цел оваа сезона, сакам да го започнам Гренд слем турнирот како што треба. Беше одлично да се игра пред многу гледачи денес, да се почувствува целата таа енергија. Се надевав на тоа, освојувањето на трофејот е најдоброто можно испраќање за Париз“, рече Новак.

Слични содржини