Спасовски со честитка по повод роденденот на Македонскиот полициски синдикат

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го честиташе 29 мај – роденденот на Македонскиот полициски синдикат.

На овој ден пред 29 години, на одржаното основачко собрание се роди првиот синдикат во историјата на македонскиот синдикализам кој се здоби со статус на репрезентативен синдикат, кој ги опфаќа вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција.

„Низ овие 29 години покажавте дека трудот на полициските службеници може да се организира, синдикалната организација може да обедини, а вработените да ги консолидираат своите сили. Се радувам што во рамки на Сојузот на синдикатите на Македонија, каде што сте примени како рамноправен член, важите за еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати по однос на процентуалниот износ на бројот на членови во однос на бројот на вработените. А онаму каде синдикатите се најцврсто организирани, таму најмногу се почитуваат правата на вработените“, вели Спасовски.