292
Фудбалерот на Јувентус, Матијас де Лихт, во саботата изјави дека „апсолутно се залага за вакцинација против коронавирус“ и дека вакцината ќе ја прими што е можно поскоро.
Де Лихт претходно во изјава за ЕСПН рече дека нема да биде вакциниран пред претстојното Европско првенство, бидејќи вакцината не е задолжителна.
Тој исто така истакнал дека внимавал на контактите додека бил со холандската репрезентација, но сега додал дека сака да ја разјасни изјавата.
„Во моето неодамнешно интервју, не дадов јасен одговор. Со цел да се отстрани какво било сомневање: апсолутно сум за вакцинација против коронавирус и ќе ја примам што е можно поскоро“,навел Де Лихт на социјалните мрежи.
Фудбалерот на Јувентус имал коронавирус во јануари и има антитела.