Во внатрешен работен документ на Европската служба за надворешни работи се зборува за можноста за постигнување на сеопфатен и правно обврзувачки конечен договор во дијалогот помеѓу Белград и Приштина во 2021 година.
Овој документ е направен по неодамнешната вечера на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, со лидерите на Западен Балкан, пренесува приштинскиот портал „Demokracia.com“.
„По словенечкото претседателство со Советот на ЕУ во 2021 година, постои можност за постигнување правно обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград преку дијалог“, се наведува во документот на ЕЕАС.
Се додава дека „политичкото наследство на Словенија на Западен Балкан е генерално позитивно и добро прифатено од сите страни“ и дека намерата на „нон-пејперот“ кој е поврзан со Словенија е да го наруши имиџот на Словенија пред претседателството со ЕУ.
Во документот се наведува и дека ЕУ го повикува премиерот на Косово, Албин Курти, да биде посветен на процесот на преговори и дијалог, како и да избегне одложувања што може да се појават како резултат на локалните избори во покраината , што ќе се одржи на есен.
„Важно е дека во оваа пригода, земјите на ЕУ ја поддржуваат агендата на Лајчак и го охрабруваат Курти да го продолжи дијалогот без одлагање“, нагласува меѓу другото во документот.
Во документот, во кој имал увид приштинскиот портал „Демокрација.ком“, се вели и дека треба да се изврши политички притисок врз одредени политички кругови и опозицијата во Приштина за да се олеснат идните договори и да се поддржи постигнувањето историски компромис меѓу Приштина и Белград.
„Курти зборуваше за политичката неподготвеност на косовското собрание, што може да предизвика долгорочна политичка нестабилност дури и во рамките на неговата парламентарна група“, се вели во работниот документ на ЕЕАС, додавајќи дека овие внатрешни компликации ќе бидат решени со нови сценарија, како што е проширување на владејачката коалиција.за целите на политичката поддршка.