Османи: Jуни е најдобрата можност за нас

од Берта Китинска
162 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот.

-Португалскиот предлог е креативно решение кое ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, бугарската и на земјите-членки, бидејќи очигледно и земјите-членки имаат став во однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес зашто тоа што ќе се постави како модел со нас утре ќе направи преседан и за други земји-кандидати и земји во регионот. Тоа значи дека тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на членките, можеби не само заради нас туку и заради самиот процес, да го заштитат процесот, вели шефот на дипломатијата.

Османи уште еднаш повтори дека од наредните две години јуни е најдобрата шанса за решавање на спорот и почеток на преговорите, па затоа работат како идниот месец да е единствената шанса.