Нашата цел е да создадеме платформа, да создадеме мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што ќе приднесемеодливот на мозоци да се претвори во циркулација на мозоци, односно да ги вклучиме во нашите општествени текови, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, промовирајќи го проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници.
„Комисија на МНР ќе направи проценка на лицата кои што ќе им биде дадена овој специјален вид на лична карта врз основа на предлози коишто ќе ги добиеме од нашите дипломатско конзуларни претставништва од МНР, но и од другите институции на ситемот кои што располагаат со информации за наши луѓе кои што се успешни во областите во кои што работат како дел од нашата дијаспора. Овој влезен билет, „МКарта“ ќе им овозможи полесно основање на бизниси, поддршка од страна на институциите на системот, финансиска помош за нивни инвестиции овде. Планираме да ги вклучиме сите генерации на нашата дијаспора има и такви кои немаат наше државјанство на нив ќе им се олесни нивниот престој, како и основањето на бизниси овде, но и ќе имаат одредени лични привилегии“, рече Османи.