Шокантна одлука: Покетино сака да го напушти ПСЖ

од Nikola Popovski
362 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, му соопштил на клубот дека има намера да замине, објавија британските медиуми.

Тотенхем, наводно, е заинтересиран за Покетин, а Аргентинецот се поврзува и со Реал Мадрид, па заминувањето од ПСЖ не е невозможна опција.

Тој има уште една година договор со францускиот клуб кој го отпушти Томас Тухел на зима за да го ангажира Покетино.

Таа комбинација не се покажа како најплодна, бидејќи „светците“ останаа без титула во Франција, но и без успех во Лигата на шампионите.

За тоа време, Тухел го освои елитното европско натпреварување со Челси, а откако Зинедин Зидан го напушти Реал Мадрид, се отвори место на клупата на „кралскиот клуб“.

ПСЖ планираше да го задржи Покетино, па ќе ја разгледаат ситуацијата и соодветно ќе одлучат, бидејќи Покетино е подготвен да ја почитува одлуката на Парижаните.

На Тотенхем не му иде најдобро без Покетино, бидејќи ја имаше најлошата сезона во изминатите 12 години, а пред само две години беше во финалето на Лигата на шампионите.

Клубот остана без менаџер, а постои шанса да остане и без Хари Кејн, најдобриот напаѓач и играч на „петлите“ од Лондон. Тоа би било во суштина првата задача на Покетино, да го спречи Кејн да го напушти северен Лондон.

Фото: Justin Setterfield/Getty Images

Слични содржини