„Во секоја заедница има радикални идеи против кои секогаш онаа група на граѓани кои се прогресивни, секогаш била против таквите идеи. Кога ќе кажете на Голема Албанија или Голема Македонија, веднаш упатувате дека сте расположени за војна“, вели Џабир Дерала за емисијата „Само вистина“ за Движењето „Република Илирида, кои е во обид да формира нова политичка партија со барање за федерализација на Македонија.
Според него, без никакво двоумење, секогаш сум против тоа.
„Повикување на вакви авантури, му припаѓаат на минатото. Ваквите идеи од време на време ќе се појавуваат. Таквата идеја ќе биде со краток век. Сметам дека нашата земја страда од големи недостатоци во доменот на правдата. Нешто за кое секојдневно повикуваме и бараме сериозни реформи токму во правда“, додава Дерала.
Формирање на Република Илирида на територијата на Македонија и Собрание на Албанците со исти надлежности како постоечкиот законодавен дом ќе бидат клучните ветувања на оваа партија на претстојните избори.