240
Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје најавува штрајк, во отворено писмо до Собранието на С Македонија, како основач на оваа институција.
Во писмото, кое датира од 27 мај, од Сојузот на синдикати на УКИМ наведуваат дека ќе излезат на штрајк ако во рок од седум дена не добијат писмен одговор од парламентот за почнување колективни преговори.
„Доколку во рок од седум дена не добиеме писмен одговор за отпочнување колективни преговори, ќе бидеме принудени преку штрајк да бараме остварување на нашите права, загарантирани со Устав и закон“, се наведува во отвореното писмо.