366
Џовани Бруска, мафијашот што ја активираше бомбата која го уби судијата Џовани Фалконе во 1992 година, излезе од затвор откако ја издржа 25-годишната казна затвор.
Тоа наиде на гнев и тага кај семејствата на оние кои тој ги уби.
Бруска беше уапсен во 1996 година, четири години по нападот во кој беа убиени Фалконе, неговата сопруга и тројца полицајци, пренесува Хина.
Откако станал владин информатор, тој им помагал на обвинителите во борбата против клановите Коза Ностра.
Убиството на Фалконе беше една од најозогласените епизоди во долгата и насилна италијанска историја на борбата против организираниот криминал.
Два месеци подоцна беше убиен судијата Паоло Борселино, исто така борец против мафијата.