ЕК одобри и исплати 80 милиони евра макро-финансиска помош за С.Македонија

од Берта Китинска
189 прегледи

Европската Комисија испраќа дел од ветените суми макроекономска помош за Северна Македонија, напиша на својот Фесјбук профил, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Европската комисија одобри и исплати нови 80 милиони евра макро-финансиска помош за Северна Македонија, врз основа на исполнувањето на мерките за зајакнување на фискалното владеење и транспарентноста, борбата против корупцијата, финансиска супервизија, подобрување на бизнис климата и справување со невработеноста меѓу младите, напиша Димитров.

Слични содржини