Министерството за внатрешни работи соопшти дека пронашле тело на починат човек на улица во Скопје.
„На 01.06.2021 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков” во Скопје било пронајдено починато машко лице. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, велат од полицијата.