Ние ќе одговориме на секој предизвик што е од делот на безбедноста без разлика од каде тој доаѓа, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со тоа дали МВР има преземено нешто околу најавата за формирање политичка партија „Република Илирида“ беше дециден дека за тоа што е во делот на следење на состојбите во однос на радикализмот или екстремизмот, постојат служби што работат не само во МВР, туку и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
–Државата во секој момент ќе одговори на секој еден што е подготвен да го руши уставниот поредок на РС Македонија – изјави министерот Спасовски.