Казни за 50 мотоциклисти, 12 мотоцикли задржани во полициска станица

од Nikola Popovski
392 прегледи

МВР соопшти дека полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.

„Санкционирани се 50 прекршоци, а 12 мотоцикли се задржани во полициска станица согласно чл. 344 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од полицијата.

Слични содржини