Ердоган на удар на критики: Tрипати се вакцинирал

од Nikola Popovski
294 прегледи

Турскиот претседател Ердоган се најде на удар на критики откако откри дека примил три дози вакцина против коронавирусот, додека неговата земја се бори да набави доволно дози за работниците од клучните сектори, јавува британскиот дневен весник Тајмс.

Првата доза на вакцината Синовак, произведена во Кина, лидерот ја добил на 14 јануари и бил еден од првите луѓе во Турција кои биле вакцинирани. Тој се ревакцинирал со истата вакцина на 11 февруари, а неделава откри дека последователно примил и трета доза, на 10 март. Ердоган не потврди дали и третата вакцина била од компанијата Синовак или од Фајзер-Бионтек, која исто така ја набави Турција.

Тој е првиот лидер во светот кој признал дека примил три дози вакцина против Ковид-19. Ердоган тврди дека третата доза ја примил за да провери дали има антитела.

Во меѓувреме голем број луѓе во Турција чекаат повеќе од 12 седмици за ревакцина поради недостиг на вакцините од Фајзер. Досега во Турција се вакцинирани речиси 30 милиони луѓе од кои 12 милиони луѓе или 15,4 проценти од возрасната популација се ревакцинирани.

Слични содржини